­

Новости

Вино-Скоп 2017

Вино-Скоп 2017

Вино Скоп по 11-ти пат во Скопје - Да ја дочекаме есента заедно!

Од 20-24 септември во Скопје ќе се одржи 11-тото издание на реномираниот фестивал кој го слави виното- Вино Скоп 2017.

Локацијата, како и минатата година ќе биде на плоштадот „Мајка Тереза” пред МОБ, а на фестивалот ќе земат учество најдобрите македонски винарии. Вино Скоп ќе понуди петдневно будење на сите сетила- уживање во пијалокот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.

Мотото на овогодинешниот Вино Скоп е – Да ја дочекаме есента заедно!

Назад кон: Новости